Стано: Со последните потези Приштина ризикува ескалација на состојбата
Портпаролот на ЕУ Петер Стано, по повод вчерашниот упад на косовската полиција во зградите на Владата на Србија во општините на северот на Косово, ги смета за еднострани и некоординирани чекори на властите во Приштина и се ризикува натамошна ескалација.
Стано на мрежата Х ја сподели изјавата на Делегацијата на ЕУ во Приштина, во која се посочува дека ЕУ е разочарана од континуираната некоординација на Приштина со меѓународните партнери, како и дека акцијата на косовската полиција во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ ја загрозува кревката безбедносна ситуација на теренот.
Како што се наведува во соопштението на делегацијата на ЕУ во Приштина, ЕУЛЕКС веднаш добил задача да го надгледува извршувањето на оваа операција, која не била координирана со ЕУ и меѓународните партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…