Стејте департментот го прекори Курти за “некоординирани акции на северот на земјата”

t

Косовскиот премиер Албин Курти се соочува со меѓународна реакција бидејќи Стејт департментот ги осудува некоординираните акции во Северна Митровица, кои предизвикаа тензии во регионот, пишува денеска порталот Павловиќ.
Во неодамнешниот развој на настаните, Стејт департментот упати остра прекор до косовскиот премиер Албин Курти за, како што сметаат, „некоординираните акции во северна Митровица“.

Последните акции, тврдат тие, се спротивни на нивните барања за избегнување на ескалација на тензиите во нестабилниот регион.

Портпаролот на Стејт департментот во денешното интервју со Павловиќ изјави дека последните акции во Северна Митровица не биле координирани со меѓународната заедница.

„Свесни сме дека општинската власт на Северна Митровица донесе одлука да бара од вработените во неколку канцеларии на српската влада да ја напуштат зградата каде што работеле. Сметаме дека овие дејствија, кои не се координирани со меѓународната заедница, се неконзистентни со нашите барања да се избегнат дејствија кои би можеле да ги ескалираат тензиите или да бидат сфатени како ескалација“, изјави портпаролот на Стејт департментот за овој портал.

Администрацијата на Бајден постојано го повикува Косово, вклучително и неговите градоначалници во северните општини, да покажат воздржаност и да се воздржат од преземање какви било активности кои би можеле да ги зголемат тензиите или да се сметаат за провокативни.

Стејт департментот нагласи дека овие акции на косовските власти не се координирани со меѓународната заедница и се спротивни на нивните конкретни барања за спречување на ескалација.

Стејт департментот продолжува да ја нагласува важноста на дипломатскиот дијалог во решавањето на споровите меѓу Белград и Приштина преку дијалог со посредство на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…