Објавено на:

Стејт департмент: Прием на Украина во НАТО за време на конфликтот ќе значи директна војна Русија-НАТО

t

Нема да се случи прием на Украина во НАТО за време на воени дејствија, бидејќи тоа би значело војна меѓу САД и Русија, изјави синоќа на редовниот брифинг портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Приемот на Украина во НАТО би бил несоодветен сега кога таа се наоѓа во состојба на војна, тоа би значело вовлекување на САД во војна со Русија. Претседателот Бајден уште на самиот почеток даде до знаење дека додека тој раководи (со администрацијата на САД), тоа нема да се случи“, изјави Милер.

Додаде дека САД се одговорни пред Украина.

„Самата Украина покажа дека спроведува реформи… САД и понатаму ќе даваат помош (на Киев) во сферата на безбедноста, што му е потребна да извојува победа. Тоа е задача број еден и најважна од што и да било“, изјави Милер.

Милер додаде дека откако Украина ќе го обнови својот одбранбен сектор, за обезбедување долгорочен ефект на задржување (на Русија), САД потоа ќе ги разгледуваат реформите што Киев треба да ги направи не само со САД туку и со другите земји членки на НАТО а со цел да стане полноправна членка на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…