Стејт департмент: Прием на Украина во НАТО за време на конфликтот ќе значи директна војна Русија-НАТО
Нема да се случи прием на Украина во НАТО за време на воени дејствија, бидејќи тоа би значело војна меѓу САД и Русија, изјави синоќа на редовниот брифинг портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Приемот на Украина во НАТО би бил несоодветен сега кога таа се наоѓа во состојба на војна, тоа би значело вовлекување на САД во војна со Русија. Претседателот Бајден уште на самиот почеток даде до знаење дека додека тој раководи (со администрацијата на САД), тоа нема да се случи“, изјави Милер.
Додаде дека САД се одговорни пред Украина.
„Самата Украина покажа дека спроведува реформи… САД и понатаму ќе даваат помош (на Киев) во сферата на безбедноста, што му е потребна да извојува победа. Тоа е задача број еден и најважна од што и да било“, изјави Милер.
Милер додаде дека откако Украина ќе го обнови својот одбранбен сектор, за обезбедување долгорочен ефект на задржување (на Русија), САД потоа ќе ги разгледуваат реформите што Киев треба да ги направи не само со САД туку и со другите земји членки на НАТО а со цел да стане полноправна членка на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…