Стокомак влегува и во Србија
Еден од најголемите македонски трговски синџири Стокомак планира да влезе и да се прошири на српскиот пазар, објави порталот Retail Serbia.
Зоран Младеновиќ, извршниот директор на компанијата Стокомак, за тој портал потврди дека почетокот на работата на синџирот маркети е планиран за првиот квартал од 2025 година.
Тој објасни дека нивната стратегија за развој на пазарот во Србија се фокусира на изнаоѓање микро локации достапни за што е можно повеќе потенцијални потрошувачи.
„По деталната анализа на пазарот во Србија, сметаме дека според концептот на нашиот бизнис, имаме што да понудиме на нашата целна група на потрошувачи, а тоа е понуда со најдобар квалитет по најниски цени, и секако, брз и ефикасен шопинг“, објасни Младеновиќ.
„Веќе сме во преговори со голем број простории каде потенцијално би можеле да ги отвориме нашите продавници за малопродажба. Во моментов се проверува документацијата и се надеваме дека многу брзо ќе можеме да дадеме информации во кои градови ќе се отворат првите маркети“, најави извршниот директор на Стокомак.
Стокомак моментално работи со 73 модерни дисконти низ Северна Македонија. Таа компанија неодамна формираше седиште за Србија лоцирано во Ниш, додека неодамна купи интернет домен за српскиот пазар, пишува Retail Serbia.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стокомак влегува и во Србија
Еден од најголемите македонски трговски синџири Стокомак…
Земјотрес рано утрово во Србија
Утрово во 4 часот и 48 минути…
(Видео) Митровиќ ја урна Швајцарија
Фудбалската репрезентација на Србија одигра феноменален дуел…
Србија и Турција вчера потпишаа 11 договори…
Србија и Турција вчера потпишаа 11 различни…
Ердоган доаѓа во дводневна посета на Србија
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе…