Столтенберг ќе настојува членките на НАТО да издвојуваат повеќе пари за одбраната
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека на претстојниот самит на лидерите на земјите-членки на Алијансата силно ќе инсистира на многу посилна посветеност на трошоците за одбрана од сегашните два отсто од бруто домашниот производ (БДП).
За време на Самитот за демократија во Копенхаген, на кој учествува и поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, Столтенберг истакна дека се надева оти „во Вилнус ќе можат да се договорат за многу посилна посветеност“, односно дека два отсто од БДП ќе биде минимално, а не максимално одвојување за одбраната.
Столтенберг, преку видео врска, вети дека „ќе се обиде да постигне консензус бидејќи живееме во поопасен свет кој бара повеќе инвестиции во одбраната“.
Тој рече и дека кога ќе се постигне договор, земјите од НАТО треба веднаш да го спроведат, а не да чекаат децении за да ги зголемат трошоците за одбрана.
Столтенберг истакна дека шефовите на држави или влади на НАТО се очекува да усвојат повеќегодишен пакет помош за трансформација на украинската армија од советска ера на современи стандарди на НАТО.
Лидерите на Јужна Кореја, Нов Зеланд и Австралија, исто така, ќе учествуваат на Самитот на НАТО што ќе се одржи во Вилнус, Литванија од 11 до 12 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Летонија: Украина има право да користи оружје…
По изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски…
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…
Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…