Стотина нобеловци повикаа на мир во Украина
Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА.
Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели.
„Откривањето на нуклеарната физија создаде основа за изградба на нуклеарно оружје за уништување. Нејзините сегашни пропорции имаат потенцијал да ја направат Земјата непогодна за живеење за луѓето и да ја избришат човечката цивилизација. Затоа, таквото оружје никогаш не смее да се користи!“
Научните откритија мора, напишаа 103 потписници, „да се користат исклучиво за мирољубиви цели и за благосостојба и среќа на сите луѓе, во согласност со Универзалната декларација за човекови права“.
„Го повикуваме рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите засновани на меѓународното право, да ги повлече своите вооружени сили, да започне преговори и да воспостави мир“, се вели во соопштението.
Декларацијата, потпишана од лауреати од целиот свет, беше иницирана од Друштвото Макс Планк и Линдау средбите на нобеловците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…
Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…
Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…