Сто артикли поскапеа за еден ден
24 Вести објави дека за еден ден направени се корециии на 100- тина производи во еден од големите ланци на маркети во Македонија.
Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се очекува ценовен притисок. Од таму прогнозираат дека инфлацијата до крајот на годинава ќе се сведе на минимум и ќе се заштити стандардот на граѓаните.
– Порастот на цените на останатите производи, кои не беа опфатени со мерките, имаше многу помало влијание врз стапката на инфлација во земјата, иако и тошаг на голем број производи, секојдневно им се менуваа цените.
Оттука, не мора да значи дека растот на цените на овие 540 артикли во ланецот маркети (кои не се основни прехранбени производи), ќе имаат некое позначително влијание врз стапката на инфлација, коментираат од Министерството за економија.
Граѓаните сметаат дека нов бран поскапувања има кај тестенините и млечните производи, а аналитичарот Бранимир Јовановиќ вели дека поголемиот дел од 200те компании од кои државата очекува да наплати солидарен данок доаѓаат од прехранбениот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина…
Вчера во 18.45 часот во Тетово, на…