Страв во СДСМ и ДУИ: Падна предлогот за укинување на пржинската влада
Предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, за измена на законот за Влада, со цел укинување на спората, скапа и гломазна „Пржинска влада“, денес не помина на собраниската седница затоа што владините пратеници гласаа против, иако во јавноста пласираат информации дека и тие се против пржинската Влада. Очигледен е стравот на ДУИ и СДСМ поради можноста никогаш повторно да не дојдат на власт, што се покажа на последните локални избори.
Инаку, техничката влада од 100 дена за организирање на парламентарни избори е продукт на политичкиот договор посредуван од меѓународната заедница, склучен за решавање на политичката криза во 2015та година.
Содржината при донесување на договорот гласеше:
- На 1 септември 2015, СДСМ ќе се врати во парламентот, како што е утврдено во втората алинеја на член 6 од Договорот од 2 јуни.
- На 20 октомври 2015 година, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ и во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички поставен.
- На 20 октомври 2015 година, ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика, по предлог на СДСМ.
- На 20 октомври 2015 година, нови, дополнителни замениците-министри ќе бидат назначени за следните министерства: Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ Министерството за труд и социјална политика, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ Министерството за финансии, на предлог од СДСМ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ Министерството за информатичко општество и администрација, по предлог на СДСМ Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време да овозможи, новата влада да биде инаугурирана на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016 година.
- На чело на новата влада ќе биде новиот премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада ќе има мандат до предвремените парламентарни избори. Горенаведеното правило значи дека актуелната Влада ќе поднесе оставка на време, и 100 дена пред следните избори ќе биде назначена новата влада, која ќе треба да ги спроведе потребните законски измени што е можно поскоро за следните избори.
- Страните се обврзуваат кон овој Договор во целост и со добра волја.
- Партиите, исто така, се обврзуваат да се избегнат какви било нови пречки вклучително и во однос на одржувањето на изборите на 24 април 2016 година.
- Третата алинеја од член 6 се завршува како што следи: по “итна акција”, и се додава следниов текст: До 15 септември 2015 година, ќе има нов, специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. Специјалниот обвинител го именуваат долупотпишаните страни
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Починале 20 бебиња за 6 месеци –…
„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…