Странските дипломати најавуваат крај на политичката кариера на Мицкоски?
Во само една недела Мицкоски доби врели шамари од највисоките странски дипломати кои практично најавија крај на неговата политичка кариера
Македонија неделава угости голем број на странски дипломати кои дојдоа на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Додека настанот беше прогласен за еден од позначајните достигнувања на Македонија од дипломатски аспект и одлична можност за промоција на државата, во палатата “Доктор Христо Татарчев” атмосферата е далеку од празнична.
Во само една недела Мицкоски доби врели шамари од највисоките странски дипломати кои практично најавија крај на неговата политичка кариера.
Наместо дипломатски, заменикот на Блинкен, Џејмс О’Брајан очигледно стави боксерски ракавици, за ноакут на Мицкоски со изјавата дека “не би купил ни кола од него, не па да го гласам.”
Заменикот на државниот секретар на САД во интервју за “360 степени” коментирајќи ги процесот и потребата од уставни измени истакна дека подобра понуда, доколку некој нуди како што тоа го прави Мицкоски, би требало да ја објави пред да добие власт, а не да вели дека некогаш ќе испреговара подобра рамка.
– „Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
За да биде ситуацијата уште потрагична, Мицкоски истиот ден, неколку часа пред објавувањето на интервјуто на О’Брајан, се испофали дека остварил средба со американскиот дипломат каде вели дека разговарале за “стратешкото партнерство, борбата со корупцијата, идните политики…”, ама на лагата ѝ се кратки нозете, па за неколку часа стаса шамарот од О’Брајан.
Веднаш потоа следуваше уште еден ладен туш. Според холандскиот амбасадор во земјава Мицкоски не може да испреговара подобар договор со Бугарија, ниту да ја промени преговарачката рамка со ЕУ.
„Рамката е испреговарана, не може да се промени и ако г. Мицкоски вели дека по изборите ќе издејствува подобар договор не мислам дека тоа воопшто е реалистично, дури и возможно. Македонија го има најдобриот договор што може да го добие“ рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“.
Тој додаде дека со овој договор исчензаа сите останати барања на Бугарија и истакна дека тоа е добро и дека не верува оти ќе има нови услови за втората фаза од Меѓувладината конференција, која зависи само од уставните измени.
Холандскиот амбасадор истакна дека ова е исклучително важен момент и дека е дојдено кончено време Македонија да ја оформи својата иднина и да стане господар на сопствената судбина.
„Наредната година имаме избори за Европскиот парламент, ќе има избори во САД и, како што реков, во Холандија поддршката за проширувањето се намалува и вие не може и понатаму таа поддршка да ја земате здраво за готово, треба да влезете во ЕУ сега, што е можно побрзо или, како што стравувам, таа можност може да исчезне, во некој момент вратата ќе се затвори“ рече Коп.
Да е еден или двајца, ќе речеме дека се работи за исклучок (иако топ американски дипломат во никој случај не може да биде исклучок), но сличка изјава претходно даде и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Тој практично го испофали премиерот Ковачевски, но и Владата, за нивната работа и нагласи дека ја имаат поддршката од ЕУ.
– Вие продолживте со реформите, а особено вие премиере лично, вашиот силен ангажман за внес на Македонија во ЕУ ние многу го цениме. Скрининг процесот наскоро ќе заврши, им честитам на вашите службеници, целата адмнистрација која работи за да се овозможи овој процес. Ова е инвестиција во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата партија, туку за државта, одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и сите треба да присикаат кон тоа. Треба да постои соработка, да се избегне политичката поделеност, да се слуша ЕУ, можеби не се согласувате за многу работи но не треба да постои почитичка поделеност за патот кон ЕУ. Ако скаате да напредувате на еврпскиот пат мора да се усвојат уставните измени, тоа е корист за целиот надод, за Македонија како земја, истакна Борел кој го даде сложното гласање за измени на собранискиот Деловник како добар пример за соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
– Се надевам дека со носењето на новиот Деловник за работа, со меѓупартиска поддршка е добар преседан и се надевам дека ќе следат натамошни позитовни чекори и за ова и за следното Собрание по изборите кога и да се одржат тие.
Слични изјави, некои посмирени, некои отворени и болни, но заклучокот е еден, странските дипломати полека, но сигурно, најавуваат крај на политичката кариера на Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…