Странските медиуми со директен проенос од погребот во Кочани-граѓаните револтирани

t

И покрај повикот од надлежните во Македонија за почитување на приватноста за време на погребите во Кочани, дел од странските медиуми во живо ги пренесуваат поворките со голем број луѓе. Некои од нив ги пренесуваат и целите погребни церемонии. Јавноста и граѓаните револтирани од ваквиот однос.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) упати апел до медиумските работници што известуваат од денешниот погреб, потсетувајќи ги на потребата од почитување на етичките стандарди и приватноста на семејствата на починатите. Сепак, дел од медиумите присутни на местото на настанот продолжија со пренос во живо.

Со соопштение и апел се огласи и Владата на Република Македонија, повикувајќи на почитување на приватноста во овие тешки моменти, но странските медиуми продолжија со емитување во живо.

За трагедијата во Кочани известуваат и медиумите во Бугарија. Македонија се збогува со младите загинати во пожарот во Кочани. Бугарските медиуми, јавувуваат и за крводарителската акција во Благоевград каде што десетици жители даруваа крв за хоспитализираните во Бугарија.

Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските медиуми со директен проенос од погребот…

И покрај повикот од надлежните во Македонија…

На плоштад „Македонија“ скопјани им оддаваат почит…

Во Скопје денеска се оддава почит за…

Екипата на Инфомакс е во Кочани, оддадовме…

Екипата на Инфомакс е во Кочани. Оддадовме…

Редици и во Србија за донирање на…

Голем број српски граѓани се одзвале на…

Илјадници луѓе во Софија со митута молк…

Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…