Страшен пожар во Македонија: Едно лице загина, има и повредени
Шеесет и деветгодишен кумановец кој вчера бил тешко повреден откако пожар узбувнал во неговиот семеен дом, им подлегнал на повредите.
– На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал, информираат од кумановската полиција.
Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијаланата противпожарна единица Куманово. Увидот е во тек, велат од СВР Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски по стапките на Груевски на средба…
Министерот за транспорт на француските компании им…
Сиљановска-Давкова на свечениот прием кај кралот и…
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова деновиве…
Велика Британија купува 12 борбени авиони што…
Британската влада најави дека ќе набави 12…
Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска…
Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за…
Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт…
Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот…