Страшни детали: Коста се инспирирал за масакрот од документарец, детално опиша како го отворил сефот
Српските медиуми објавуваат детали од четиричасовниот распит на Коста К., момчето убиец од белградското училиште. Момчето беше сослушано вчера преку видео врска воспоставена помеѓу здравствената установа во која се набљудува и Вишото јавно обвинителство во Белград како сведок во постапката против неговиот татко Владимир Кечмановиќ, кој се товари за тешко кривично дело против јавната безбедност.
Како што дознава „Телеграф.рс“ од извор на истрагата, Коста открил дека татко му му ставил пиштолот во рацете во стрелиштето каде три пати вежбал да пука со него.
„Осомничениот изјавил дека татко му му ставил пиштол во раце, значи не инструкторот, туку татко му. Таткото ги донел двата пиштола и го однел синот на стрелиштето. Потоа му рекол на инструкторот дека го тренира да пука токму со неговите два пиштола. Таткото конкретно побарал, тој иницирал, детето да научи да пука прецизно. Затоа му овозможил да тренира со пиштоли“, вели соговорникот на „Телеграф“.
Коста открил и како провалил во сефот со оружје на татко му.
„На вчерашното рочиште момчето осомничено за масакрот во Рибникар детално опиша како ја пробил шифрата на сефот каде оружјето го чувал неговиот татко Владимир Кечмановиќ. Сефот има три броја. Како што изјавил тој (момчето), го затекнал бројчаникот веќе поставен на првите два броја, на пример, ако кодот бил 687, првите два броја, односно 6 и 8, веќе биле поставени на тој начин, а третиот, на пример, го имаше бројот 5, а тој свртел на 6, па на 7 и погодил. Тој многу лесно го отворил сефот и се смета дека таткото е одговорен, односно виновен бидејќи не го обезбедил доволно местото каде што го чува оружјето“, натаму открива изворот.
Тврди дека идејата за масакрот ја добил додека гледал документарен филм
„Блиц“, пак, пишува дека момчето на сослушувањето раскажало дека идејата да изврши масакр во неговото училиште во Белград ја добил кога гледал документарен филм во кој се споменува масовно убиство.
Тој изјавил дека продолжил да пребарува на Интернет за термини поврзани со пукотници и убиства и анализирал што сториле напаѓачите и каде, во релативна смисла, „згрешиле“ кога ги извршиле своите ужасни злосторства.
На вчерашното испитување тој не можеше конкретно да објасни зошто решил да го направи страшното злосторство, освен тврдењето дека негувал лоши чувства кон своите врсници. За потсетување, Коста (13) во утринските часови на 3 мај уби девет ученици и еден вработен во обезбедувањето.
Многу од одговорите само покренаа нови прашања за масовното убиство извршено од 13-годишното момче.
„Рече дека се кае, не сакаше да ги гледа сликите на убиените“
„Вчера изјави дека се кае за убиствата. Не сакаше да ги погледне фотографиите на учениците од училиштето кои го уби, а во објаснувањето рече дека му било непријатно“, вели извор на „Блиц“.
Зборувајќи за семејните односи, тој рекол дека во куќата немало посебни правила. Немало казна, освен „благата казна одземање на телефонот“. Од него и неговата сестра се очекувало да бидат учтиви и културни.
Односот со татко му го опиша како добар, а за мајка му рече дека е грижлива, сочувствителна, паметна и добра. Тој изјавил дека неговите родители добро се сложувале и дека сега му недостигаат татко му, мајката, сестрата, кучето и вујкото.
Тој кажа и дека ја играл контроверзната видео игра Valorant, т.н. шутер каде што групи од пет играчи се напаѓаат едни со други.
Но, во досегашниот тек на истрагата за мотивот за злосторството, сè уште не е утврдена посилна врска помеѓу играњето на оваа видео игра и планирањето и извршувањето на масовното убиство во Рибникар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шапиќ: Белград ќе изгради три градски марини!
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска најави…
Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…
Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…
МНР потврди дека македонска државјанка загинала во…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Белград ќе има функционално метро до крајот…
Претседателот на градското собрание во Белград, Никола…
Косовски Албанец осуден на 15 години затвор…
Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот…