Страшно: Насилник ја нападнал партнерката во градски автобус па им се силел и на патниците
Вчера попладне се случил инцидент во автобус на ЈСП, кога насилник физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, а се однесувал агресивно и кон патници во автобусот, соопшти МВР.
„На 09.01.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Центар, М.Л.(42) од Скопје пријавила дека околу 01:30 часот во градски автобус на подрачјето на Центар, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.С., кој потоа се однесувал агресивно и кон останатите патници во автобусот“, пишува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
ЈСП ќе вози по неделен ред за…
ЈСП – Скопје информира дека по повод…
Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…