Страшно: Пожарите во Грција се приближија до населени места, евакуирани туристи и локално население
Повеќе од илјада деца се евакуирани од летен камп откако избувнаа шумски пожари во Грција, јави Би-Би-Си.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас синоќа изјави дека вчера избувнале шумски пожари на 81 локација, од кои четри се поголеми, а три се уште беа активни. Тој рече дека во врска со пожарите се приведени две лица.
Во крајбрежниот град Лутраки, западно од Атина, 1.200 деца беа евакуирани додека пламените јазици се приближуваа до нивниот камп.
Десетици луѓе мораа да ги напуштат своите домови во поширокото подрачје, потпомогнати од екипи на итната служба. Требаше да се евакуираат и неколку животни, вклучително и голем број коњи кои беа во штали кои се запалија.
Грчката влада соопшти дека оние чии домови биле погодени од пожарите имаат право на сместување во локални хотели и подоцна ќе бидат обештетени.
Во регионот Дервенорија, на околу 40 километри од Атина, битката со огнената стихија траела цела ноќ.
Официјални лица изјавија дека пожарот постојано расте поради силните ветрови во областа. Во Дервенорија изгореа илјадници хектари шума.
Претставници на грчката противпожарна служба соопштија дека во гаснењето на пожарот се вклучени хеликоптер, шест противпожарни возила, 140 пожарникари и 48 возила. Силниот ветер и високите жештини им ја отежнуваат ситуацијата на екипите на теренот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…
Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…
Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…