Страшно: 24-годишник со зоља разнел објект во Србија
Инспекторите на криминалистичката полиција со брза реакција и оперативна работа успеаја да го расветлат инцидентот во Платичево кај Рума и го уапсија П.Н. (24), поради сомнение дека со проектил “Зоља” разнел напуштен објект во близина на железничката станица на тоа место.
Уапсен е и М.П. (40) кој му продал ракетен фрлач.
Наводно, П.Н на инспекторите им признал дека купил зоља од познаник за 2.000 динари.
-Рече дека немал намера никого да повреди. Слушнал дека човек продава зоља, го контактирал и купил ракетен фрлач за две илјади динари – вели добро информиран извор, за српски Курир.
Тој напоменува дека П.Н во полиција го открил идентитетот на лицето од кое го купил оружјето, по што е уапсен и М.П.
Да потсетиме, во четвртокот полицијата во Рума добила анонимна дојава дека непознато машко лице испукало проектил од ракетен фрлач кон напуштен објект во Рума. Силна експлозија одекнала околу 14 часот, а напаѓачот набрзо бил уапсен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…