Струга ќе го прославува денот на независноста на Косово

t

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, денеска го посети Конзулатот на Република Косово во Струга и оствари средба со конзулот Агим Красниќи.

На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, било разговарано за долгогодишната соработка меѓу Струга и Република Косово, како и за одбележувањето на Денот на независноста во Косово.

“Соработката меѓу Струга и Република Косово има долга историја.

Во духот на оваа соработка очекуваме реализација на низа проекти и збратимување меѓу повеќе општини и основни и средни училишта. Се разговараше и за одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и посветеноста на институциите да ги разгледаат и реализираат нивните барања”, стои во соопштението.

Градоначалникот Мерко, како што е наведено, изразил задоволство што Република Косово има конзул во Струга, што ја олеснува соработката со косовските општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…