Стружани повредени во сообраќајна несреќа во Албанија
Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.
Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај селото Пискупат.
-Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес” управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф” управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес”, јави агенцијата Балкан веб.
Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност.
Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…