Објавено на:

Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да ја предводи преодната влада

t

Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека ќе се залагаат за нобеловецот Мухамед Јунус да ја води привремената влада, еден ден откако премиерката беше соборена и војската ја презеде власта.

-Одлучивме дека ќе биде формирана привремената влада во која меѓународно познатиот нобеловец д-р Мухамед Јунус, кој има широка поддршка, да ја предводи привремената влада, рече Нахид Ислам, лидерот на Студентите против дискриминацијата во видео порака.

Началникот на армијата на Бангладеш, генерал Вакер-Уз-Заман вчера во обраќање преку државната телевизија изјави дека Шеик Хасина поднела оставка од функцијата премиер и дека војската ќе формира преодна влада.

Вакер се очекува да се сретне со студентските лидери во текот на денот.

Јунус (84), угледен економист, е заслужен за извлекувањето милиони од сиромаштијата со неговата пионерска банка за микрофинансирање, но заработи непријателство од Хасина, која го обвини дека „цица крв“ од сиромашните.

Хасина (76) беше на власт од 2009 година, но е обвинета за местење на изборите во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентското собрание при УКИМ се извини за…

Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…

Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…

Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…

Вучиќ му се пожали на Додик за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Бања…

Студентите изгласаа блокирање на Државниот универзитет во…

Студентскиот пленум на Државниот универзитет во Нови…

Нобеловецот Мухамед Јунус положи заклетва како шеф…

Јунус (84) беше предложен за лидер на…