Студентскиот дом во Тетово во новата академска година ќе ги прими првите студенти

t

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година. Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Увид во активностите изврши министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети. Шаќири информираше дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и истата е во последна фаза на реализација. Ќе следи партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електрична инфраструктура во градот.

Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно – научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет, изјави Шаќири, додавајќи дека новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Жена прегазена од комбе во Тетово, со…

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…

Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…

Уште еден инцидент со прегазен пешак се…

(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово

Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…