Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена е без лифтови!
Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до директорот на Државниот студентски дом – Скопје итно да се пуштат во употреба лифтовите во сите блокови на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Како што информираат од УСС, на 4 декември оствариле средба со директорот, каде добиле ветување дека поради редовен сервис и сертифицирање, лифтовите ќе бидат функционални од среда, 6 декември.
„Кога тоа не се случи, добивме информација дека лифтовите со сигурност ќе бидат функционални до четврток 7 декември. Во овој момент во домот функционира само еден лифт и тоа во блокот Б. Нехумано е во денешницата студентите со денови да бидат приморани да се качуваат до 14 кат во блоковите“, посочуваат од УСС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…