Објавено на:

Судењето за обидот за атентат врз Трамп е одложено

t

Американски судија го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според одлуката на судот.

Адвокатите на осомничениот Рајан Рут побараа одложување на судењето, кое беше закажано за 10 февруари, повикувајќи се на големиот број докази во случајот.

Судијката од Флорида, Ајлин Канон го одобри одложувањето, но таа рече дека одложувањето до декември 2025 година, што го побара одбраната, е „претерано“. Таа го закажа почетокот на судењето за 8 септември 2025 година.

Рут (58) е обвинет за пет точки од федералното обвинение, вклучително и обид за убиство на претседателскиот кандидат. Тој е обвинет дека се позиционирал, вооружен со пушка, надвор од теренот за голф на имотот на Трамп на Флорида во септември со намера да пука во Трамп за време на претседателската кампања.

Рут се изјасни за невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќето од претседателските кандидати во Хрватска не…

Осум кандидати за претседател на Хрватска вечерва…

Судењето за обидот за атентат врз Трамп…

Американски судија го одложи судењето на осомничениот…

Трамп контра предизборните ветувања: Ги уценува НАТО…

Високи британски безбедносни функционери отпатуваа во Вашингтон…

Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот…

Македонија во моментов не размислува за враќање…

Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено…