Објавено на:

Судир меѓу кинески бродови при потера по филипински брод

t

Пловила на кинеската морнарица и крајбрежната стража се судрија за време на бркотница по филипински патролен брод во Јужното Кинеско Море.

Инцидентот се случи во близина на спорниот Скарборо Шол, додека филипинската крајбрежна стража ги придружуваше бродовите што делеа помош на рибарите во тој предел, изјави портпаролот на филипинската крајбрежна стража, Џеј Тариела.

Скарборо Шол, кој е лоциран на 240 километри западно од филипинскиот брег и 900 километри источно од кинескиот остров Хаинан, е предмет на несогласување меѓу двете држави откако Кина го окупираше во 2012 година.

Видеоматеријал објавен од Манила покажува како брод на кинеската крајбрежна стража и многу поголемо пловило се удираат со силен удар.

Тариела рече дека бродот на кинеската крајбрежна стража се движел со голема брзина кон филипинската крајбрежна стража кога се судрил со бродот на кинеската морнарица.

Портпаролот на кинеската крајбрежна стража, Ган Ју, денеска потврди дека имало судир.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот изјави дека патролните бродови на неговата земја ќе продолжат да бидат присутни во Јужното Кинеско Море, кое Пекинг го смета за своја територија и низ кое поминува повеќе од 60 проценти од светската поморска трговија.

Маркос, исто така, рече дека секоја војна околу Тајван би ги вовлекла Филипините во конфликтот и покрај нивната „силна желба“ да избегнат „секаква конфронтација со некого“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руски бродови вооружени со ракетите „Циркон“…

Одредот на бродови на руската северна флота,…

Хутите се заканија дека ќе ги гаѓаат…

Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Саре, денеска…

55 кинески борбени авиони забележани околу Тајван

Десетици кинески борбени авиони се забележани во…

Moрнарицата на САД: Кина има 200 пати…

Во протечениот извештај од американското морнаричко разузнавање…

Путин вети 30 нови бродови од различни…

Голема поморска парада, вклучувајќи најсовремени борбени бродови,…