Судот во Стразбур одлучи дека на Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор!
Европскиот суд за човекови права во Стразбур утврди дека на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите за 27 април и за „Шпански скали“.
Случајот се однесува на две кривични постапки против г-дин Јанакиески, првата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а вториот за злоупотреба на службената положба, при што, тој бил лишен од слобода со одлуки на домашните судови. Повикувајќи се на член 5 (право на слобода и безбедност), г-дин Јанакиевски се жали на наводна незаконитост и самоволие, немање релевантни и доволни причини и немање брз преглед на неговата лишување од слобода. Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот – се наведува во пресудата.

Фото: Принтскрин, ЕСЧП
Судот во Стразбур прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконски притвори, при што одредена му е отштета.
Адвокатите на Јанакиески денеска на прес-конференција ќе соопштат детали во врска со Пресудата на ЕСЧП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…