Судот потврди дека вицепремиерката на Албанија не смее да ја напушти државата и е под суспензија
Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, по повеќе од четири часа сослушување не ја промени одлуката за албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белина Балуку и двајца директори на јавни претпријатија. Нејзината компанија соработува со фирмата на младиот Дрин Ахмети, „Тхор индустри“ кои заедно ја купија зградата „Соравија“ и беа поврзани со тендерот за изградба на паркинг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
По сослушувањето за злоупотреба на тендерите за тунелот „Логораса“ и „Големиот надвозник во Тирана“, судот одлучи да останат во сила двете безбедносни мерки за Балуку – „суспендирање на вршењето на должноста и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.
Специјалното обвинителство ги истражува двата тендера вредни 210 милиони евра.
Во истото досие осомничени се и Ералд Елези, директор на албанската електро корпорација, КЕШ и Гентиан Ѓули, прв човек на државната Агенција за патишта, на кои им е одредена мерка „куќен притвор“.
Пред два дена судот одлучи да ја суспендира вицепремиерката Балуку од нејзините должности, тврдејќи дека таа, заедно со двајцата директори, може да уништи докази.
И при влегувањето и по излегувањето од судот, Балуку одби да даде изјава за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот потврди дека вицепремиерката на Албанија не…
Специјалниот суд против корупција и организиран криминал,…
Поплавите ја однесоа првата жртва во Албанија
Лошото време со денови ја погодува целата…
Британска министерка наведе 700 албански семејства како…
Албанскиот премиер ја обвини британската министерка за…
Невремето во Албанија предизвика големи проблеми –…
Невремето проследено со обилни дождови и силен…
Војса Османи со честитки до Албанија за…
Косовската претседателка Вјоса Османи им честиташе на…