Војса Османи со честитки до Албанија за напредокот кон ЕУ: Косово слави со вас!

t

Косовската претседателка Вјоса Османи им честиташе на албанскиот претседател Бајрам Бегај, на премиерот Еди Рама и на албанските граѓани за отворањето на последните пет поглавја од преговорите со Европската Унија, наведувајќи дека ова е историски чекор што ја покажува исклучителната посветеност на Албанија кон европската интеграција.

Османи на платформата „Х“ нагласи дека ова е чекор што ги доближува граѓаните на Албанија, како и регионот, уште повеќе до Европската Унија. „Граѓаните на Косово денес слават со вас, додека ние продолжуваме неуморно да работиме за понатамошно унапредување на патот на нашата земја кон ЕУ“, нагласи Османи.

Албанија денес, на Седмата меѓувладина конференција во Брисел, го отвори последниот кластер во преговорите со ЕУ. Албанскиот претседател Бајрам Бегај оцени дека отворањето на последниот кластер во преговорите со Европската Унија означува важен момент на патот на Албанија кон членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 земји од ЕУ бараат да се…

Единаесет земји членки на Европската унија бараат…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

Европската Унија подготвува нов, голем список на…

Во Албанија опожарени околу 11 илјади хектари…

Пожарите во Албанија зафатиле околу 11 илјади…

По спорот за химната, Македонците од Пустец…

До редакцијата на Национал пристигна реакција од…