Судот ја ослободи од затворска казна за убиство во обид жената од Кочани која сопругот секојдневно физички ја малтретирал

t

Жртва на семејно насилство од источна Македонија која што сопругот ја тепал, му ставила 20 апчиња за крвен притисок во компир-манџата што му ја спремила за вечера по што судот во Кочани ја прогласи за виновна за кривично дело „убиство во обид“ но ја ослободи од затворска казна, на рочиштето минатиот месец. Обвинителството се жалело на оваа одлука и барало затвор за 32-годишната жена и мајка на две малолетни деца, но Апелациониот суд во Штип деновиве го одби таквото барање.

Адвокатот на жената, во одбраната истакнал дека штетата ќе биде немерлива ако повисокиот суд ја уважи жалбата на Јавното обвинителство и ја осуди жената на ефективна казна затвор, затоа што една жртва на семејно насилство сега пред судот е претставена сосема на спротивната страна – дека таа е извршител на кривични дела.

„Во случајот кај обвинетата постои стварна заблуда, дека истата со своето дејствие ќе доведе до еден дозволен исход, оштетениот ќе се смири и таа и нејзините две малолетни деца ќе бидат поштедени од уште една ноќ од физичко насилство па дури и да ги истерува и во зима надвор од куќата“, тврдела адвокатката на обвинетата жена.

Таа пак во судница изјавила дека немала намера да го убие поранешниот сопруг, напротив во подготвеното јадење – компир манџа тврдела дека му ставила само шест апчиња за притисок, не за да го убие, туку „за да се смири малку некој час, да заспие, за да ја остави на мира неа, а исто така и нивните деца“.

Првостепениот суд утврдил дека критичниот ден во семејната куќа обвинетата се обидела да го лиши од живот нејзиниот тогашен брачен другар, на начин што по настанатата вербална расправија, која завршила со физички напад од оштетениот над обвинетата, откако излегол од дома обвинетата му подготвила чинија со вечера – компир манџа во која ставила 20 таблети од лекот Хидрохлоротиазид, кој човекот го пиел по половина таблета на ден, како редовна терапија за покачен крвен притисок, но оштетениот кога се вратил и почнал да јаде осетил горчлив вкус на јадењето, па го промешал и ги видел таблетите кои не биле целосно растворени. Потоа ги извадил од јадењето со што делото останало во обид. Фармацевтскиот вештак утврдил дека станува збор за неподобен обид за убиство, бидејќи лекот што го ставила обвинетата во јадењето не можел да го лиши од живот оштетениот но само да предизвика несакани дејства од предозираност, кои не оставаат сериозни последици по здравјето.

Обвинетата кажала дека оштетениот многу често кога ќе и кажел дека притисокот му се качил, знаел сам да посегне по таблетите и да ги испие сам, повеќе на број, кое нешто доведувало до негово смирување и најчесто по краток период и заспивање. Често обвинетата била подложна на расправии и физички пресметки поради што имало интервенција од социјалните органи и обвинетата била сместена одреден период од 2016 година во Центарот за заштита на жртви од семејно насилство. Потоа пак се вратила и останала да живее заедно со оштетениот, но на различен спрат од семејната куќа. Расправиите биле чести и неосновани поради тоа што сопругот сметал дека не се грижела доволно за децата и за куќата. Дека таблетите биле 20 на број потврдил и братот на оштетениот, кој лично ги видел таблетите кои биле измачкани со манџата и ги преброил, а за кои оштетениот му кажал дека му биле ставени во јадењето.

Наводите во жалбата на Јавното Обвинителство дека штетните последици за оштетениот не настапиле, само поради тоа што истиот само што започнал да јаде и тогаш ги видел таблетите, судот ги оценил како неосновани.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…

Кочанчани се жалат дека депонијата гори речиси…

Повторно гори депонијата во Кочани, јавуваат читатели…

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на…

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин…

„Многу им се исплатело“: Двајца дедовци ќе…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…