Судскиот совет констатираше дека Врховниот суд е ажурен

t

Според Извештајот на Судскиот совет на Република Македонија за работата на судовите за 2022 година усвоен од страна на Судскиот совет, Врховниот суд на Република Македонија е ажурен суд бидејќи го совладал приливот и го намалил заостатокот на предмети.

Во Извештајот за работата на Врховниот суд за 2022 година кој е поднесен до Судскиот совет, нотирана е ефикасната работа по предмети на Судот, динамиката на утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци, унапредувањето на судската практика во согласност со позитивната оценка на Европската Комисија за судот и во согласност со стандардите на Европскиот суд за човековите права.

Во Извештајот, исто така, се нотираат и податоците за целокупното административно и финансиско работење, подобрувањето на условите за работа, унапредената транспарентност и преземањето активности во поглед на независноста и ефикасноста на судството.

Според претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ажурноста на Врховниот суд се должи на заложбите за ефикасното постапување и одлучување по предметите за кое значаен придонес има и новиот Деловник на Врховниот суд кој како клучен документ за организирањето и ажурноста на судот се донесе после 23 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…

Советот на Општина Кочани на денешната редовна…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…