Судскиот совет ќе превенира и открива корупција во судството преку антикорупциска програма
Судскиот совет на денешната седница ја усвои Програмата со акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството која треба да придонесе намалување на корупцијата, да го подобри интегритетот на судиите, транспаретноста и отчетноста, а со тоа да се обезбеди повисока доверба кај јавноста во судскиот систем.
Компетативен, правичен, ефективен и непрестрасен судски систем, независен од политички влијанија, е суштинска основа во борбата против корупцијата во судството. Програмата овозможува механизмите за превенција, откривање и санкционирање на корупцијата, како и детектирањето на неетичкото однесување во судството, да бидат функционални.
Судскиот совет е насочен кон превземање низа мерки и активности за справување со корупцијата во судството, а со оваа Програма ќе се засилат обидите за навремена превенција. Затоа Програмата има утврдено повеќе цели со кои ќе се воспостави ефикасен систем за борба против корупцијата во судството: зголемување на нивото на одговорност; јакнење на интегритетот на судиите и судската служба преку систем на вредности и критериуми за квалитет; спроведување на надлежностите на Судскиот совет на законски, транспарентен, одговорен и ефективен начин; поддршка на дигитализацијата во судството; мотивирање на граѓаните да пријавуваат корупција; јакнење на отпорноста од корупција во судството, градење личен и професионален интегритет; активно учевствување во елиминација на факторите кои придонесуваат за лоша перцепција кај јавноста во врска со корупцијата; развивање отчетност за јавните набавки и планирањето и трошењето на парите; елиминирање на коруптивни активности при вработување.
Преку Програмата со акционен план за превенција и следење на корупцијата Судскиот совет започнува со нова антикорупциска политика чии резултати несомнено ќе придонесат кон владеење на правото, создавање на правна држава и суштинското- враќање на довербата кај граѓаните во судството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Поранешниот претседател на Уставниот суд, Мурати: Ветингот…
Ветингот треба да почне од политичарите, не…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…