Судски совет оцени: Пресудата за Пајазити е законска
Менсур Пајазити, кој во 2022 година ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово, доби намалена казна затвор од две години, откако Апелациониот суд Гостивар ја преиначи првичната пресуда од 3,5 години.
Намалувањето на казната било на предлог на обвинителката Вјолца Елмази, која првично се спротивставила на жалбата на обвинетиот, но на јавната седница го сменила ставот. Судскиот совет објаснува дека, според член од Законот за кривична постапка, кога жалбата е поднесена само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета.
Затоа, и по повторното судење во Основниот суд Тетово, судијата Ељведин Ферати морал да ја изрече истата, веќе намалена казна. Апелационите судии Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати ја намалиле казната бидејќи Пајазити бил семеен човек, изразил каење, немал претходни осуди и несреќата се случила на место без обележан пешачки премин.
Иако Врховниот суд претходно ја укина пресудата и наложи повторно судење, судскиот исход остана ист поради законските ограничувања. Судскиот совет вели дека жалбите на семејството на Теодора се залудни, бидејќи казната не може да биде зголемена на штета на обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…