Суд во Солун доби коверт со експлозив
Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите.
Откако бил откриен сомнителниот коверт, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата.
Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал.
Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.
Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуштена и последната пациентка од болницата во…
Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера…
На пристаништето во Солун запленет 81 килограм…
Во контејнери со свежи банани што од…
Жената што загина од бомба во рацете…
Истрагите на Дирекцијата за организиран криминал во…
Жена загина во експлозија на бомба во…
Триесет и осумгодишна жена е убиена во…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…