Суд во Солун доби коверт со експлозив
Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите.
Откако бил откриен сомнителниот коверт, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата.
Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал.
Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.
Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
Грчката полиција уапси три лица поврзани со…
Грчката антитерористичка полиција уапси три лица во…
Девојка од Македонија пронајдена мртва во стан…
Девојка (23) од Македонија вчера попладне е…
Во пожарот кај Солун изгореа две фабрики,…
Пожарот што уништи два индустриски погони и…
Голем пожар во близина на Солун, гаснат…
Големиот шумски пожар што избувна вчеравечер во…