Сунак ги демантираше гласините за оставка од премиерската функција
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека „се разбира дека не размислувал да се повлече поради постојаните критики за неговото предвремено заминување од комеморациите по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија, јави ДПА.
Сунак вети дека ќе продолжи „до последниот ден од оваа кампања“, обидувајќи се да ги минимизира гласините за негова можна оставка пред изборите на 4 јули.
Тој во текот на викендот успеа да ги избегне критиките за неговото предвремено заминување од прославата на годишнината од слетувањето во Нормандија, но денеска учествуваше на предизборна демонстрација и порача дека нема да престане „да се бори за иднината на земјата“.
Запрашан дали размислува да поднесе оставка, Сунак, кој беше во паб во јужниот англиски град Хоршам, на новинарите им соопшти дека „се разбира дека не размислувал за тоа“.
-Јас сум полн со енергија за визијата што ја предлагаме за земјата. Оваа кампања не е ни на половина пат, и наоѓам огромна поддршка за политиките што ги предлагаме, рече Сунак
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…
Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…
Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…