Објавено на:

Сцени на пустош по смртоносниот земјотрес во Авганистан

t

Во силниот земјотрес што го погоди Авганистан рано наутро во средата загинаа повеќе од 900 луѓе, а стотици беа повредени, соопштија официјални лица.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе во провинцијата Пактика на носилки, во урнатини, уништени домови, пренесува Хина.

Претставник на локалната власт изјави за Би-Би-Си дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.

Земјотресот ја погоди област на речиси 44 километри од југоисточниот град Коста.

Потресот бил почувствуван во опсег од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пренесува Ројтерс.

Центарот објави дека очевидци пријавиле дека земјотресот го почувствувале во главниот град на Авганистан - Кабул, како и во главниот град на Пакистан - Исламабад.

„За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири области на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и беа уништени десетици куќи“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими.

„Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден…

Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж…

Не е повеќе Авганистан најголем светски производител…

Според ОН, Мјанмар бележи значителен пораст на…

Производството на афион во Авганистан падна за…

Производството на афион во Авганистан, некогаш најголемиот…

За само 4 дена Израел фрли повеќе…

За само 5 дена Израел фрли повеќе…

(Видео) Морничави сцени од Авганистан десетици села…

Морничави сцени од Авганистан по страшниот земјотрес…