Сцени на пустош по смртоносниот земјотрес во Авганистан
Во силниот земјотрес што го погоди Авганистан рано наутро во средата загинаа повеќе од 900 луѓе, а стотици беа повредени, соопштија официјални лица.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе во провинцијата Пактика на носилки, во урнатини, уништени домови, пренесува Хина. Претставник на локалната власт изјави за Би-Би-Си дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. Земјотресот ја погоди област на речиси 44 километри од југоисточниот град Коста. Потресот бил почувствуван во опсег од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пренесува Ројтерс. Центарот објави дека очевидци пријавиле дека земјотресот го почувствувале во главниот град на Авганистан - Кабул, како и во главниот град на Пакистан - Исламабад. „За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири области на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и беа уништени десетици куќи“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими. „Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талибанците одбележуваат 5 години повторно на власт,…
Талибанските власти и други официјални лица се…
2,4 милиони девојчиња исклучени од образование во…
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се…
17 лица загинаа во поплави, лизгање на…
Најмалку 17 лица загинаа, а 26 се…
Пакистан го нападна Кабул, прогласи „отворена војна“…
Пакистан изврши воздушни и копнени напади врз…
Пакистан изврши воздушни напади во Авганистан, има…
Пакистан рано утрово започна воздушни напади во…