Објавено на:

ТАЖНА ВЕСТ: Малата Ана не успеа да се избори со тешката болест

t

Девет годишната Ана Аргировска од Куманово, за жал, ја загуби животната битка. За малата Ана која пленеше со својата насмевка се собираа парични средства за продолжување на започнатото лекување на ретка и тешка болест во Турција.

-Драги роднини, пријатели и сите добри и хумани луѓе, со огромна жалост ви соопштуваме дека нашата најмила Ана Аргировска повеќе не е со нас. Физички не’ напушти, но засекогаш ќе остане во нашите срца. Ви благодариме неизмерно и со цело срце на сите кои се трудевте и сакавте искрено да и помогнете на било кој начин, стои во објавата на семејството.

Погребението ќе се одржи утре во 13 часот на градските гробишта во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ