ТАЖНА ВЕСТ: Почина Борче Илиевски – Македонија и светот ќе го паметат по тоа дека му ремизираше на Боби Фишер во 1967
Вчера на 89 годишна возраст во Битола почина Борче Илиевски, шахист велемајстор, член на ШХ “Стевче Патако“ од Битола , битолчанецот кој во август 1967 година му ремизираше на Боби Фишер, светска шаховска легенда.
Борче Илиевски е роден во 1935 година во битолското село Ѓавато, настапувал за шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола.
Илиевски започнува да игра шах 11-годишна возраст, кога започнува да ги влече првите потези на шаховската табла, на еден пионерски камп во потпелистерското село Цапари. На свои 16 години, во далечната 1951 година го има својот прв настап на младинското првенство на Македонија. Настапувал за битолската шаховска екипа “Стево Патако“, со кој три пати биле републички прваци и 4 пат го освојуваваме шаховскиот куп. Во 1967 година кога битолскиот шах го живееше своите звездени моменти бил републички првак со 12,5 поени од вкупно 15 поени.
Борче Илиевски пред неколку години во Битола, на плоштадот “Магнолија“ заедно со својот помал брат Димче пред битолчани ја презентираа партијата на Борче со Боби Фишер која што се одиграла во 1967 година на турнирот “Средба на солидарноста“ што се одржал во Скопје, а партијата завршила со реми. Ремито со Фишер било на првите страници на сите весници во тогашна Југославија, а не останало назабележано и во светските специјализирани весници за шах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на…
Претседателот на македонското друштво ,Илинден – Тирана…
Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица
Рождество на Пресвета Богородица (познат и како…
МНР ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Истрагата за обидот за атентат на Трамп:…
Директорот на службата, Роналд Роу, денеска им…
НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен…
Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба…