Тажна слика од Мариопол: Жителите топат снег затоа што немаат вода
Во украинскиот град Мариопол, луѓето топат снег и собираат дождовница затоа што немаат вода. Ова го раскажа вработен во хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Нема вода, струја, греење и сигнал за мобилни телефони, а аптеките се без лекови.
„Гранатирањето синоќа беше сè поблиску. Синоќа собиравме снег и дождовница за да имаме вода. Се обидовме да стигнеме до вода што ја делат властите, но редот беше преголем, напиша тој на социјалните мрежи, пренесува „Би-Би-Си“.
Евакуацијата на граѓани што беше договорена меѓу Русија и Украина запре, поради пукање и се повлечени околу 400 жители.
Украинците ги обвинија Русите дека го гранатирале конвојот, а Русите одговорија дека за прекинот на привременото затишје е одговорна украинската страна. Хуманитарни коридори требаше да им овозможат на цивилите да ги напуштат градовите кои се под опсада. Излезот на цивили беше договорен на втората рунда преговори. Maриупол со 400.000 жители е стратешка точка за руската војска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…
Снег врне во поголем дел од Босна…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…