Тажно: Во Газа скоро сите згради се уништени
Би-би-си во најновата анализа наведува дека во израелските напади од 7 октомври досега делумно или целосно се уништени повеќе од половината згради во Појасот Газа.
Сателитските снимки покажуваат дека најразурнат е градот Кан Јунис, при што уништени се повеќе од 38.000 или 46 отсто од зградите. Од 144.000 до 175.000 згради низ Појасот Газа се делумно или целосно уништени, што е меѓу 50 и 61 отсто од зградите во енклавата.
Според Обединети нации, околу 1,7 милиони луѓе, повеќе од 80 отсто од населението во Појасот Газа се раселени, а речиси половина од нив сега се во јужниот дел на енклавата.
Израелската армија бомбардираше и голем дел од обработливо земјоделско земјиште, поради што тоа земјиште нема да може да се користи долго време
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…