Таксистот Бојан е херој во Србија – спасил мајка и мало девојче од сигурна смрт во згмечен автомобил

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи минатата недела во Сомбор, автомобил во кој се превезувале жена и четиригодишно девојче, се забил под огромна земјоделска машина. Таксистот Бојан, кој во тој момент се нашол на местото, веднаш знаел што треба да направи.
„Фолксвагенот Шаран без кочење слета под машината која му го пресече патот, а колата во секој момент се закануваше да се запали, морав да интервенирам. Го извлеков четиригодишното девојче од возилото, а мајката, која возеше и беше тешко повредена, ја држев будна додека не дојдоа Брзата помош и пожарникарите“, изјави Бојан Симиќ за веб-страницата „Лозница град“ откако спаси два живота.
Симиќ раскажува дека сè се случило за миг, а иако не бил единствениот возач кој запрел од страшната глетка на патот, тој бил единствениот што се осмелил нешто да направи. Иако тој е од Лозница, град кој е оддалечен околу 250 километри од Сомбор, судбината сакала токму во тој момент да се најде на овој пат, бидејќи возел патници до Сомбор.
„Бидејќи имав возење до Сомбор, бев со такси-возило, носев противпожарен апарат што го чував покрај себе за секој случај. Уште ми се тресат рацете од целиот инцидент, важно е да се добро“, рече Симиќ.
Неговата херојска постапка, но и скромноста што ја покажа Бојан, ја воодушеви цела Србија. Тој ги молел пријателите и познаниците да не кажуваат за случајот во јавноста. Но, неговиот пријател Мирослав Поповиќ вели дека Бојан сепак спасил два живота, на мајка и дете, и дека за таквиот подвиг треба и мора да се знае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепиќ објави документ за набавка на звучно…
Потпретседателот на Партијата за слобода и правда…
„Седница на ден на жалост?!“ Српските студенти…
Собранието на Нови Сад нешто по 10…
Србија ќе ги преземе во болниците во…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…
14 српски лекари доаѓаат во Македонија, дел…
Министерството за одбрана на Србија соопшти дека…
Српската Влада го прогласи вторник за Ден…
Владата на Србија на утрешната седница, на…