Талевски: АНБ е брутално партиски киднапирана, директорот е десна рака на Мицкоски

t

„Назначувањето на директорот на АНБ е најскандалозната тема во овие 100 дена во еден куп на скандали што ги направи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече пратеникот од СДСМ Миле Талевски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Има брутално киднапирање, партиско, на највисоката безбедносно-разузнавачка институција во државата, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Поставен е кадар-продолжена рака на Христијан Мицкоски, човек кој што бил претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој пред само неколку месеци давал изјави од типот „последен ден на АНБ“, итн., човек кој не ги исполнува условите за да биде директор на Агенција за национална безбедност. Практично ние сме сведоци дека се соочуваме со една страшно опасна ситуација која нè враќа во минатото, како беше раководена Управата за државна безбедност од тогашното ВМРО-ДПМНЕ, како 12 години беше злоупотребувана таа институција… Сега, по само 100 дена од доаѓање на власта на ВМРО-ДПМНЕ, ни се случува класична партизација на Агенцијата за национална безбедност“, рече Талевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ „игра опасна игра и апелира час поскоро да ја преиспитаат одлуката и да се постави професионален човек на чело на АНБ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талевски: АНБ е брутално партиски киднапирана, директорот…

„Назначувањето на директорот на АНБ е најскандалозната…

Таравари: Новиот директор на АНБ е избор…

На чело на Агенцијата за национална безбедност…

СДСМ е против спојување на АНБ и…

Назначувањето на новиот директор на Агенцијата за…

МВР, ЈО и АНБ се комплетно подготвени…

Во врска со претстојните избори денеска во…

Лажно се претставувал како вработен во АНБ…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…