Талески: Време е младината да ја преземе репрезентацијата
Репрезентативниот бек Филип Талески пред стартот на квалификациите за ЕП изјави дека е време е младите да ја преземат репрезентацијата и верува во оваа група на ракометари дека може да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
„Нов циклус, но идејата и целите се исти. Без разлика на тоа кој е во составот и на списокот, мислам дека заслужуваме да бидеме на големи натпреварувања. Имаме група каде што може да го оствариме тоа што ни е зацртано, а тоа е да бидеме повторно на Европско првенство. Има многу измени во составот, ги нема повеќе Стоилов и Миркуловски кои беа предводници и мотиватори, но сега дојде време кога младината треба да преземе сe. Мислам дека во последните месеци покажавме дека може да го носиме тој товар на нашиот грб. Можам да кажам дека ракометарите на Алкалоид, каде што Лазаров е тренер, играат еден динамичен ракомет и мислам дека сите играчи сме подготвени физички за предизвиците. Ќе треба да се договори тактиката и мислам дека ќе може да играме квалитетен ракомет. Во денешниот ракомет нема фаворити, сите играат ракомет и може да се случат изненадувања. Треба да бидеме фокусирани и да ги одработиме нашите задачи, па тоа ќе ни помогне. Сакаме да одиме на две победи во овој циклус за потоа да бидеме подготвени за дуелот против Португалија“, изјави Талески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот со емотивен статус за неговата внука…
За мојата внука Моника... Внуката што со…
Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната…
Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека…
Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот…
Додека светот ја чека најавената иранска одмазда…
Брнабиќ за извозот на оружје во Израел:…
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…
Секогаш со власта… ДОМ ја напушта коалицијата…
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на…