Талески: Од 600 до 400 денари историски лаги од ВМРО-ДПМНЕ за откупната цена на тутунот

„Ако имаа барем малку образ и чест, Мицкоски и Трипуновски ќе им се извинеа на тутунарите, ќе наведнеа глава и немаше ниту да го спомнат тутунот,“ вели пратеникот на СДСМ, Миле Талески, повикувајќи ги на одговорност за лажните ветувања и несоодветната поддршка за трудот на тутунарите.
Минатата година ветуваа субвенции од 160 денари за секој килограм предаден тутун, но, како што посочи Талески, „обезбедија едвај по 80 денари, кои после нашиот притисок мораше да ги зголемат на 100 денари – исто колку што лани на тутунарите им додели Владата на СДСМ.“
Тој исто така потсети дека ВМРО-ДПМНЕ минатата година најавуваше откупна цена од 600 денари по килограм тутун, но реалноста денес е сосема поинаква. „За историска цена сега ја претставуваат цената од 400 денари по килограм,“ рече Талески, истакнувајќи го огромното разочарување кај тутунарите.
Според Талески, оваа Влада со своите лаги и потценување директно ги оштетува земјоделците. „Токму тутунарите ќе бидат првите кои ќе им ја испорачаат фактурата на Мицкоски и ДПМНЕ и ќе ги архивираат како најлошата Влада во историјата на Македонија,“ нагласи тој.
СДСМ останува на страната на тутунарите и сите земјоделци, нудејќи вистинска поддршка и мерки за развој на земјоделството и заштита на трудот на секој земјоделец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…