Објавено на:

Талибанците ги забраниле козметичките салони бидејќи како што тврдат нуделе услуги кои се забранети во исламот

t

Салоните за убавина за жени се забранети во Авганистан бидејќи нуделе услуги што се забранети во исламот, соопштија денеска талибанците.

Појаснувањето доаѓа неколку дена откако групата потврди дека наредила сите салони во земјата да се затворат на еден месец, што ги натера меѓународните претставници да изразат загриженост за влијанието врз жените претприемачи.

Одлуката претставува последно ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, по наредбите со кои им се забранува образование, јавен простор и повеќе форми на вработување.

Во денешното видео, портпаролот на Министерството за пропагирање доблести и спречување на пороци, Садик Акиф Маџер, наведе голем број услуги што ги нудат салоните, а кои според него се против исламот.

Тие вклучуваат обликување на веѓите, користење на туѓа коса за зголемување на природната коса на жената и нанесување шминка, што би го попречило абдестот или ритуалното миење, што е задолжително пред молитва.

Дополнително, салоните претставуваат економски товар за семејството на младоженецот, кое обично е должно да плати за посетата на невестата и нејзините блиски роднини во салонот пред свадбата, додаде тој.

Забраната доаѓа веднаш откако врховниот водач на Талибанците Хибатула Ахунџада изјави дека неговата влада презела чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талибанците ги забраниле козметичките салони бидејќи како…

Салоните за убавина за жени се забранети…

МНР потврди: Русија ќе им продава на…

Руското Министерство за надворешни работи потврди за…

Талибанците направија распоред: Мажите и жените од…

Талибанското Министерство за промоција на доблести и…

Талибанците забранија девојчиња да одат во училиште…

Министерките за надворешни работи на 16 земји…

До каде оди лудилото со мерките против…

Бремена новинарка од Нов Зеланд, заглавена во…