МНР потврди: Русија ќе им продава на Талибанците жито и гориво
Руското Министерство за надворешни работи потврди за РИА Новости дека Москва и Кабул претходно одобриле договор за набавка на гас, гориво и жито.
Претходно, авганистанското Министерство за трговија соопшти дека талибанците (под санкции на ОН за терористички активности) потпишале прелиминарен договор со Русија за годишно снабдување со 500.000 тони течен гас и 2 милиони тони пченица.
Страните, исто така, се согласија да снабдуваат годишно 1 милион тони бензин и 1 милион тони дизел гориво – овие бројки во август за РИА Новости ги соопшти шефот на авганистанското Министерство за трговија Азизи.
Тој ни објасни дека авганистанските власти ја сметаат шемата за плаќање по пат на размена, вклучително и снабдувањето со суво грозје, како приоритет. Ако оваа опција не успее, тогаш може да се користат финансиски трансакции.
Спроведувањето на договорот ќе започне во следните неколку недели, соопшти авганистанското Министерство за економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…