Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден за убиство, братот на убиенот пет пати пукал во осуденикот
Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж осуден за убиство во северен Авганистан, трето погубување извршено во последните пет дена. Илјадници луѓе ја гледаа егзекуцијата на спортски стадион во Шеберган, главниот град на северната провинција Јавзјан, и покрај снежната бура.
Братот на убиениот, според очевидци, пет пати со пушка пукал во осуденикот. Обезбедувањето околу стадионот било силно, изјавил сведок кој сакал да остане анонимен, пишува АП.
Ова e петто јавно погубување откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, кога американските и НАТО трупите се повлекоа од земјата. Талибанците, и покрај првичните ветувања за поумерено владеење, веднаш по доаѓањето на власт почнаа да спроведуваат строги јавни казни – егзекуции, камшикувања и каменувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан
Белгија подготвува план за насилно враќање на…
(Видео) Талибанците го напаѓаат Пакистан: Не ни…
Авганистанските талибанци започнаа бран артилериски напади врз…