Објавено на:

Таму се казнува, за разлика од кај нас: Падна холандската влада

t

Холандската влада падна, соопшти премиерот Дик Шуф по речиси двочасовен состанок на кабинетот. По оваа одлука, следуваат нови парламентарни избори, бидејќи сите министри од Партијата за слобода поднесоа оставки, објавија холандските медиуми.

Шуф, по состанокот објави дека следниот чекор ќе биде да оди во кралската палата во Хаг, каде што ќе му ја достави оставката на  кралот. Од тој момент, министрите ќе продолжат да ги извршуваат само тековните работи.

Владата предводена од Шуф, започна со работа на 2 јули минатата година, но не траеше ниту една година. Холандскиот премиер рече дека ќе остане на функцијата како „премиер-министер“ и дека ќе продолжи да соработува со министрите од коалициските партии за решавање на клучните прашања, како што се меѓународните закани, трговската војна со САД и домашните проблеми во Холандија.

Тој смета дека повлекувањето на Партијата за слобода е „неодговорно и непотребно“, нагласувајќи дека владата е потребна за да продолжи да работи и да се справи со актуелните предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Владата ги обвини родителите на починатите од…

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…