Таравари за Инфомакс откри што се случувало на средбата во Влада!
Средбата со премиерот Мицкоски била пријателска, вели за Инфомакс министерот за здравство Арбен Таравари.
Денешната средба траеше нешто повеќе од еден час, а после истата немапе изјави за медиумите ниту од страна на премиерот, ниту од страна на министерот Таравари. Инфомакс го контактираше министерот кој кратко одговори дека конечната одлука ќе биде донесена по дополнителна консултација во партиските тела.
– Пријателска средба со премиерот на која се договоривме да направиме дополнителни консултации во партиските тела за дефинитивна одлука како ќе одиме на локалните избори, вели Таравари.
Претходно Алијанса за Албанците, односно крилото кое го предводи Таравари истакна дека на локалните избори ќе одат со сопствени советнички листи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…