Таравари за посетата на САД: Бев на сопствен трошок, не искористив ни денар за службено патување
Министерот за здравство Арбен Таравари во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека патувањето во САД по повод инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, било приватно и дека тој не бил дел од владината делегација. Според Таравари, целото патување било на сопствен трошок, а поканата му ја обезбедиле тамошни пријатели.
„Имав можност да видам како се слави денот на инаугурацијата на претседателот, но не успеав да бидам присутен на сите настани. Бев на инаугурацискиот доручек и вечера, бев и на балот, имав можност со едни пријатели да бидам дел од таа прослава. Таму не се видов со премиерот Мицкоски бидејќи бев многу кратко во САД и не бев дел од владината делегација. Отидов во приватна посета и не искористив денар за службено патување“, рече Таравари и додаде дека сите средби кои што ги остварил премиерот Мицкоски таму, биле за доброто на Македонија.
Таравари информираше и дека оваа сабота повторно ќе патува во САД за да присуствува на Молитвениот доручек на Трамп. Покрај тоа, најави и посета на неколку клиники со кои се надева на соработка.
„Ќе посетам три клиники со кои што се обидувам да направам соработка за нашите пациенти да добиваат второ мислење од лекари во САД. Тоа ќе биде за пациенти со потешки болести кои ќе имаат можност сите материјали и резултати да им ги испратат на лекарите во САД и потоа преку онлајн средба да добијат второ мислење“, рече Таравари.
Тој најави и дека во февруари годинава ќе бидат потпишани уште два договори со САД кои ќе донесат бенефиции на македонското здравство
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…