Таравари за 60-тата жртва од пожарот во Кочани: Починатиот имаше 40% изгореници и беше на дијализа
Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди веста за смртта на 60-тиот починат од дисокотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот информираше дека овој пациент бил еден од најкритичните пациенти со 40% на изгореници на телото и дијализа поради откажување на бубрезите. Таравари потврди дека има уште тројца пациенти кои се исто така во тешка состојба и активно се следи нивната состојба.
„Утрово ја примивме веста дека пациентот, кој се лекуваше во Литванија, починал. Тој беше ставен на дијализа поради откажување на бубрезите на 1 април и имаше 40% изгореници на телото. Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште 3 или 4 пациенти кои се критични, и се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото“ изјави Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…